Саб12162017

Последна промена01:44:15 PM

Back Вие сте на: Home Вести Струга Повторно ограбена ТТК банка во Струга

Повторно ограбена ТТК банка во Струга

Сподели

 

Експозитурата на ТТК банка во Струга вчера повторно е ограбена.

Разбојник влегол со пиштол и одзел 60.000 денари. Полицијата трага по него но и по разбојникот што ТТК банката ја ограби пред десеттина дена. Според соопштението на Канцеларијата за односи со јавноста, СВР Охрид и полициската станица од Струга преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот на казненото дело „разбојништво“ извршено вчера во експозитурата на „ТТК банка“ на улицата „Пролетерски Бригади“ во Струга.
-Засега непознатиот сторител, вчера околу 08 часот, со спортска капа на глава и пиштол во рака, влегол во банката преку влезната врата, се приближил до шалтерот и пиштолот го вперил кон вработената службеничка. Притоа, со гласно викање, побарал во најлон кесата што ја имал да бидат ставени парите, што од страна на вработената било направено. Потоа, засега непознатиот сторител, го ставил пиштолот во појасот и излегол низ влезната врата, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
На местото на настанот, извршен е криминалистичко-технички увид под водство на Јавен обвинител и полициски екипи. Со извршувањето на казненото дело, направена е материјална штета од околу 60.000,оо денари, додава портпаролот Димоски.
Инаку, ова е втор грабеж на ТТК банка. На 24-ти минатиот месец, вооружен и маскиран разбојник од банката одзеде 220.000 денари. Разбојник вооружен и маскиран, од „Силк банка“ во Охрид, пред само пет-шест дена ја ограби банката одземајќи 50.000 денари.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK