Саб12162017

Последна промена01:44:15 PM

Back Вие сте на: Home Вести Струга Кривична за гостиварец, крадел низ Струга

Кривична за гостиварец, крадел низ Струга

Сподели

Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“ и две казнени дела „одземање на моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Џ.И.(23) од Гостивар.

-Тој, казнените дела ги сторил во периодот од седми до седумнаесетти минатиот месец во Струга најнапред во канцеларијата на такси компанијата ,,Класик” каде со подесен предмет ја отворил влезната врата, одзел пари, клучеви од возило и патничко моторно возило марка ,,Опел Астра”. На седумнаесетти ноември, во ноќните саати, Џ.И. со тврд предмет го скршил стаклото од една автомеханичарска работилница во Струга, одзел пари а потоа, на идентичен начин провалил во салонот за керамички плочки лоциран на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тука извршил пребарување по работните простории, одзел клучеви како и патничко моторно возило марка „Ауди А4“ оставено пред салонот, кое понатаму го користел за свои потреби, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. 


Со извршувањето на петте казнени дела, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист односно предизвикал материјална штета од 250.000,оо денари .
Пријавениот Џ.И. е лице познат на службата против кого и во изминатиот период по слични но и по други основи, биле поднесувани кривични пријави.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK