Нед07222018

Последна промена06:25:01 PM

Back Вие сте на: Home Вести Струга Во продавница за прехрана, стружанец продавал петарди

Во продавница за прехрана, стружанец продавал петарди

Сподели

Покрај прехрамбените производи, стружанец во својата продавница за прехрана во селото Мороишта чувал и продавал петарди.Струшката полиција му ја расипала предновогодишната забава и екстра профит,го привела и му ги одзела петардите.

Според полициското соопштение, на 29.12.2017 година од страна на инспектори при Надворешната канцеларија за недозволена трговија со дрога и оружје –Струга била извршена  контрола во с.Мороишта – Струга во продавницата за прехрана „Лазароски Компани“, сопственост на В. Л. (1962) од истото село, при што пронајдени биле 7377 парчиња пиротехнички средства – петарди. Петардите се одземени, а В.Л. бил приведен во полициската станица од општа надлежност-Струга за понатамошна постапка.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK