Несовесна мајка ги напуштила своите деца
- Детали
- Објавено на Среда, 03 Јануари 2018 12:12
Врв на родителска несовесност и негрижа. Мајката си го напуштила домот и на милост и немилост си ги оставила своите четири малолетни деца. Таа заработила кривична пријава.
Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста при СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напуштање немоќно дете”, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Л.В. (33) од Струга.
-Пријавената, казненото дело го сторила на десетти октомври минатата година со запоставување на својата родителска должност и со напуштање на своите четири малолетни деца. Тоа го направила со намера трајно да се ослободи од нив по што заминала од семејниот дом, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски