Вто01232018

Последна промена10:40:05 PM

Back Вие сте на: Home Вести Струга Струга го реши проблемот со заматена вода

Струга го реши проблемот со заматена вода

Сподели

Струга најде решение за заматеноста на водата во градскиот водовод.

Стружани веќе нема да имаат забрана за пиење на водата при секој дожд. Отсранет е проблемот во каптажата на изворите во Шум,  а извршено е и перење на целиот воводоводен систем во струшко.

- „Проблемот беше од технички карактер, односно при поројни дождови површинската вода навлегуваше во една од каптажите во системот, кој технички пропуст веќе го имаме отстрането“, вели Владимир Алексијоски  директор на МЈП Проаква.

Проблемот бил навлегување на површинска вода во една од каптажите на изворите.

–„Кога доаѓаат обилни дождови влегува во цевоводот вода и ја мати водата. Треба во тоа време да ја откачиме петтата каптажа и е немаме проблем“, вели Рамиз Мерко градоначалник на општина Струга.

Надлежните најавија  поголема санација на петтата каптажа и пумптната станица.Градежните зафати се предвидени на пролет.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 ТВ 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK