Пон09242018

Последна промена10:20:29 AM

Back Вие сте на: Home Вести Струга Дваја охриѓани си „купиле“ автомобили без пари

Дваја охриѓани си „купиле“ автомобили без пари

Сподели

Вешти измамници од Охрид си „купиле“ две возила што коштале 15.000 евра.На претходниот сопственик не му платиле ни едно евро.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.Х. (30) и Е.Џ. (41), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 02.12.2017 година во кафе бар во Струга пријавените постигнале усмен договор за купопродажба на две моторни возила и на Б.К.(50) требало да му исплатат 15.000 евра. На 04.12.2017 година Б.К. им ги дал клучевите од возилата, но пријавените не ја исплатиле договорената сума, ниту пак, договорот го завериле на нотар, со што му причиниле материјална штета од 15.000 евра.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK