Вто12182018

Последна промена12:25:26 PM

 

Back Вие сте на: Home Вести Струга ФОТО: Се узурпира струшкото крајбрежје

ФОТО: Се узурпира струшкото крајбрежје

Сподели

Се узурпира крајбрежието од Струга до Калишта. Стружани гласно со обвинувања до власта и струшкиот градоначалник.

-„Ваквите случаи на приграбување на државно земјиште и уништување на езерото, во стилот на дивиот запад, го исцртуваат карактерот на Вашата партија (СДСМ) но и на Вас како лидери и политичари. Точно е дека институциите се законски одговорни но и Вие сносите политичка и граѓанска одговорност затоа што ваквото дивеење е возможно само со политичка и партиска (премолчена или директна) поддршка.
Карактерот на ДУИ и однесувањето на старо-новиот градоначалник ни е познат - не сме изненадени. Вашиот коалициски партнер, со овие случувања по крајбрежјето на Охридското езеро на делот од Струга до с.Калишта, Ве предизвика на потег.
Изборот на Ваш следен потег ќе го истакне Вашиот карактер, влијание и определби - дали сте коректори, неми набљудувачи или сојузници на вакво незаконско делување. Со тоа ќе се дефинира и Вашиот однос кон Охридското езеро - дали на него гледате како на национално богатство, ничија земја или партиска ветена земја, порачаа од Неформална граѓанска иницијатива  „Струга- тампон в’але“

фотографиите се од  14.04.2018

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK