Вто07172018

Последна промена05:44:50 PM

Back Вие сте на: Home Вести Струга ФОТО: Запре градежната узурпација на струшкиот брег

ФОТО: Запре градежната узурпација на струшкиот брег

Сподели

Запрена узурпацијата на крајбрежието во струшко.

Градежната механизација која вчера тампонираше делови од крајбрежието на потегот од Струга кон Калишта  денес ја нема. После бурните реакции на социјалните мрежи исчезнаа оние кои сакаа без дозвола на диво да градат .

-Втората рунда ја добија граѓаните! Градежната механизација и работниците се отстранети од локациите. Нивниот „висок доушник“ ги има предупредено дека може да дојдат „непоканети гости“ по основ на пријавата.Сега сопствениците нема да знаат кој градежно им го „уредил“ земјоделското земјиште, а ќе тврдат дека езерото само и од срам се тампонирало. Тоа е доколку се најдат сопствениците, затоа што можно е сопственикот и сторителот да биде непознат. Така е тоа во Струга. 

Но од нашата пријава службите имаат доволно докази и од канцеларија да превземат мерки и да ги најдат сторителите и да ги поврзат со „охрабрувачите“.

Градоначалникот ќе тврди дека ништо не знаел. Што се сомневаме дека е точно од причини што не е возможно градоначалник да не знае што му се случува пред својата врата, информираат од „Тампон Вале Струга“.

Ова се фотографии од утринава:

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK