Сре12122018

Последна промена07:40:10 AM

 

Back Вие сте на: Home Вести Струга Трибина Струга: „Здравјето и туризмот не одат заедно со дива депонија“

Трибина Струга: „Здравјето и туризмот не одат заедно со дива депонија“

Сподели

„Здравјето и туризмот не одат заедно со дива депонија“ е една од темите која ќе се отвори на утрешната трибина во Струга.

 

Здружението Центар за одржлив развој на заедницата од Дебар, организира  Јавна трибина на тема: КАКО ДА УПРАВУВАМЕ СО ДЕПОНИЈАТА ДОДЕКА НЕ СЕ ИЗГРАДИ РЕГИОНАЛНАТА ДЕПОНИЈА.

На трибината ќе учествуваат преставници на Општина Струга, граѓанската иницијатива ДОСТА Е!, Еколошкото друштво „Натура„, претставници од Граѓански организации и граѓански активисти.

Активноста е дел од проектот: „Координација и соработка меѓу граѓанските здруженија на животната средина со општините од југозападен плански регион на Р. Македонија“

Здружението Центар за одржлив развој на заедницата Дебар (CSCD) од месец Септември 2017 до август 2018, година во Дебар и околните општини од Југозападен плански регион го спроведува проектот Координација и соработка меѓу граѓанските здруженија на животната средина со општините од Југозападен плански регион на Република Македонија. Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ). 
Трибината ќе се одржи на 18 Април 2018 година (Среда) со почеток во 13.00 часот Во канцелариите на Центар на заедниците Струга (улица Владо Малевски бб, Струга)

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK