Сре12122018

Последна промена07:40:10 AM

 

Back Вие сте на: Home Вести Струга Со здружени сили до лажни документи за возило

Со здружени сили до лажни документи за возило

Сподели

Гостиварчанец, косовец и стружанец-шпедитер, се здружиле и сториле низа лажни документи за регистрација на возило.

Многу финти сториле трите лица за да направат лажни исправи за возило и да го регистрираат. Тие се фатени и добиле кривична пријава Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела ,,фалсификување исправа” и „употреба на исправа со невистинита содржина”, полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Г.М.(45) од Гостивар и Х.Ф.(46), косовски државјанин со привремен престој во Гостивар и Л.К. (42 ) од Струга.
Прво пријавениот, во текот на декември 2016 година, направил лажна исправа-странски купопродажен договор за продажба на возило, ставил лажен потпис и датум и така фалсификуваниот договор го употребил пред Бирото за метрологија за отварање постапка за идентификација и добивање согласност за регистрација на возилото. Второпријавениот се потпишал на лажна исправа и ја заверил кај нотар. Трето пријавениот, како овластен шпедитер од Струга, исправата со невистинита содржина - договор за купопродажба на патничко моторно возило, ја доставил во Управни служби во Струга, со цел регистрација на возилото, информира м-р Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK