Нед10212018

Последна промена05:37:09 PM

Back Вие сте на: Home Вести Струга Потпишана иницијативата Јабланица да стане национален парк

Потпишана иницијативата Јабланица да стане национален парк

Сподели

Градоначалниците на Струга и на Вевчани, Рамиз Мерко и Сашо Јанкоски  ја потпишаа Иницијативата за заштита на планината Јабланица  и нејзино прогласување за заштитено подрачје национален парк. 

 

 

„Ние сме убедени дека оваа иницијатива е во најдобар интерес на граѓаните на општините Струга и Вевчани и одржливиот развој на целиот регион, посебно на развојот на туризмот. Предложеното зонирање на зони под строга заштита, зони на активно управување, зони на одржливо користење и заштитни појаси не се ограничувања, туку камен темелници на идниот развој на целиот регион. Иницијативата е во согласност со принципите на Конвенцијата за биолошка разновидност на ОН и политиките на Европската агенција за животна средина. Овој акт на потпишување на иницијативата е временски краток чин, но истовремено голем чекор во вистинска насока“, истакна претседателот на иницијативниот одбор Јованчо  Секулоски.

Инаку иницијативата,  која ја потпишаа и седумте претседатели на месни заедници и од бројни претставници на невладини организации од регионот ќе биде доставена до Министерството за животна средина  како гласно изразена волја на граѓаните за продолжување на процедурата за носење Закон за прогласување на планината Јабланица за „национален парк“ и нејзина трајна заштита.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK