Сре08152018

Последна промена09:41:43 PM

Back Вие сте на: Home Вести Струга „Еволуција на музиката“ во Струга

„Еволуција на музиката“ во Струга

Сподели

Музичкиот перформанс „Еволуција на музиката“ ќе се одржи во Струга.

Во петок во 18 часот, во струшкиот дом на култура „Браќа Миладоновци“ ќе биде изведен музичкиот перформанс „Еволуција на музиката“.
Мултикултурно и мултиетничко соединување преку музички перформанс „Еволуција на музиката од среден век до модерно време“ е проект на Здружението Тактус - Охрид во соработка со ДМУ „Тодор Скаловски - Тетоец“ - Струга. Овој проект е дел од проектот „Декада на припадност - славење на различноста“ поддржан од Европската Унија, а се имплементира преку Локална Агенција за Развој -Струга и ЗГ Креативни и Активни - Струга.
„Еволуција на музиката“ претставува едукативен музички перформанс во кој се претставува развојот на музиката низ вековите, а во кој учествуваат ученици од различни етнички групи. Целта на настанот е да покаже пример за меѓуетничко разбирање, соединување, дружење, соработка, комуникација и славење на различноста преку универзалниот јазик - МУЗИКАТА.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK