Нед10212018

Последна промена07:46:15 PM

Back Вие сте на: Home Вести Струга Спречени инспектори да извршат контрола на универзитет во Струга

Спречени инспектори да извршат контрола на универзитет во Струга

Сподели

Спречени инспектори да извршат контрола  на Меѓународниот универзитет во Струга.

На 06.06.2018 година во 13,00 часот во Полициската станица од Струга Ѓ.И.(65) и З.Р.(38), двајцата од Скопје, (вработени во Државниот просветен инспекторат) пријавиле дека истиот ден околу 11,00 часот во просториите на Меѓународниот Универзитет во Струга врз основа на задолжение од директорот на Државен просветен инспекторат, требало да извршат вонреден инспекциски надзор. При нивното влегување во просторитте на универзитетот, биле пречекани од одговорното лице А.К. кој, откако му биле  покажани службените легитимации и задолжението за надзор, на инспекторите веднаш им се обратил на висок тон и со навредливи и заканувачки зборови. Истиот, го зел задолжението за вонреден надзор  кое му било покажано и на Г.Р. (вработен во универзитетот) и го фрлил и побарал од државните просветни инспектори да го напуштат универзитетот. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информира МВР. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK