Нед10212018

Последна промена05:37:09 PM

Back Вие сте на: Home Вести Струга Одбележани 74 години од Првата пролетерска бригада

Одбележани 74 години од Првата пролетерска бригада

Сподели

Пред седиштето на општинската организација на Сојузот на борците од Струга,пред голем број граѓани и подржувачи на традициите од НОВ,по повод одбележувањето на денот ( 8 јуни 1944 год) на формирањето на Првата пролетерска македонска народно ослободителна бригада,положија цвеќе на споменикот од НОБ.


Цвеќа положија делегациите:од главниот одбор на Сојузот на борците од Струга и градскиот одбор на СБ на Македонија предводени од претседателот Никола Стројаноски,Армијата на Република Македонија ,од Сојузот на борци Охрид,делегација од Социјал Демократскиот сојуз на Македонија –Струга,Активот на жени,Здружението на Титоисти, делегација на Локалната самоуправа од Струга и делегација на училиштето „Јосип Броз Тито“ од Струга како и поединци.


За значението на формирањето на Првата пролетерскља македонска бригада пред граѓаните зборуваше претседателот на општинската основна организација на Сојузот на борците за Струга Ајрадин Мемети,а по повод формирањето на ПМПНОУ,историски час одржа историчарот Наце Иваноски кој е по потекло од Малесија каде што е формирана бригадата.


Во име на Републичкиот Сојуз на борци од Македонија ги поздрави Претседателот на Главвниот одбор на СБ на Македонија Д-р.Никола Стојаноски.
И овој пат,како и во војната,на најубав начин се докажа сожителството на македонскиот народ со сите националности што живеат во Струга и струшко.
Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK