Сре08152018

Последна промена09:41:43 PM

Back Вие сте на: Home Вести Струга Струга ги отстранува педалините од градските плажи

Струга ги отстранува педалините од градските плажи

Сподели

Вчера неколку комунални инспектори исо асистенција на  полиција  почнаа да ги отстрануваат педалинките од струшкото крајбрежје.

Крајно силеџиски, вандалски и насилно се тргаа и кршеа педаланките, без прикажан документ, само за да ни докажат дека  Рамиз Мерко е во право и дека во нашиот град владее анархија, револтирано велат сопствениците на педалинки за Тв 24.

„Човекот што беше, инспекторот, без решение, без никаква дозвола дојде да ни ги крева педалинките. Документ никаков немаа, го покажаа документот што го имаа од мај месец, ова беше чист вандализам“ - изјави Мимоза Мојсовска, сопственик на педалинки.

„Без да размислуваат, без ништо, силеџиски почнаа да ги креваат педалинките, не истуркаа во вода. Покажување самоволие, дрскост, некултура“ - изјави Марко Шикулески, сопственик на педалинки.

„Општина Струга има многу поголеми проблеми и ова работа ќе беше една од последните за насилното кревање на педалинклите“ - изјави Дрино Нале, жител на Струга

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK