Нед12092018

Последна промена11:17:42 AM

Back Вие сте на: Home Вести Струга Вести Македонија Visit Macedonia за промоција на македонскиот туризам

Visit Macedonia за промоција на македонскиот туризам

Сподели

Со апликацијата Visit Macedonia ќе се промовира туризмот во Македонија

.Министерството за економија ја промовираше апликацијата Visit Macedonia наменета за промовирање на туризмот во земјава.Според министерот за економија Бектеши, туризмот е единствениот сектор кој во последниве години бележи континуиран раст од 100 проценти. така
-2017 година ја завршивме со зголемување на бројот на туристи во земјата за 16, 6 отсто, при што зголемувањето на бројот на странски туристи достигна до 23,5 отсто, во однос на 2016 година, а бројот на ноќевања на странски туристи во Македонија се зголеми за 22,8 отсто.“, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на промоцијата на апликацијата.Тој посочи дека во првиот квартал на 2018 година, во споредба со истиот период минатата година, бројот на туристи во Република Македонија е зголемен за 18,7 отсто.
Како што информираше министерот, само во мај годинава, Македонија ја посетиле над 104.000 туристи, кои во просек оствариле по две ноќевања. Нашата цел е до 2020 година бројот на туристи во Република Македонија да биде еден милион, со остварени три милиони ноќевања, а учеството на туризмот во БДП да биде пет отсто.“.
Тој информираше дека апликацијата Visit Macedonia која е токму за таа намена, содржи веб, мобилна и секако администраторската конзола, и ќе биде достапна на три јазици: македонски, албански и англиски јазик.
Целта на мобилната апликација, која е во завршна фаза, е да понуди брз пристап до сите потребни информации за да го направи поудобен и поинтересн престојот на секој турист во нашата држава. Бектеши упати апел до сите граѓани на Република Македонија да ја споделуваат апликацијата на социјалните мрежи, со цел нејзино поголемо промовирање.
(Visited 148 times, 148 visits today)

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK