Во Струга силувана е малолетничка
- Детали
- Објавено на Петок, 10 Август 2018 13:40
15 годишно девојче е силувано од 39 годишник во Струга.
Вчера во 20.00 часот во Полициската станица Струга, С.Ј (37) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 15.00 часот во Струга, во куќата на Ф.Н. каде престојува заедно со неговото семејството, С.Џ. (39) од Скопје извршил полови дејствија над неговата 15- годишна ќерка.
-Од страна на полициски службеници, лицето од Скопје бил пронајден и приведен во полициска станица, при што било констатирано дека се бара за издржување на казна затвор. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.