Чет10182018

Последна промена10:34:58 AM

Back Вие сте на: Home Вести Струга Струга го одбележа Меѓународниот ден на старите лица

Струга го одбележа Меѓународниот ден на старите лица

Сподели

1 октомври е Меѓународни ден за грижа на стари лица.

Струшкиот Црвен крст им посвети должно внимание на старите лица одбележувајќи го со активностите Меѓународниот ден за грижа на стари лица, 1 октомври. Општинската организација на Црвен крст - Струга денеска имаше средба со претставници на Здружението на пензионери и активот на жени.Според секретарот на Црвен крст – Струга, Адуреиме Даути, волонтерите на Црвениот крст, со 40-тина членови од здруженијата разговарале за правата на старите лица, грижата за нив и посветеноста од институциите.
- Грижата кон старите лица треба да е поголема. Тие тоа и го заслужуваат. Секој од нас може да помогне барем малку да им возвратиме за тоа што го направиле за нас, порача Даути.
Медицински тим на Црвениот крст им проверувал шеќер во крвта на присутните, а во рамки на активностите ќе бидат доделени и хуманитарни пакети на стари, изнемоштени и осамени лица.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK