Убиство во струшко. Охриднет дознава дека вечерва се случи вооружен инцидент во струшкото село Поум.
Според првичните информации убиено е помладо момче.
Полицијата го потврди случајот, убиено е 23 годишно момче од село Поум.
-„Денес околу 18.40 часот во село Поум-Струга У. В. (роден 1997) од с.Поум пукал кон З. Б. (1996) и В. Б. (1973) како и кон други лица. З. Б. Починал, а В.Б. е пренесен во МЦ-Струга. У.В. сам се пријавил во ПС-Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.