Пожар уништил возила во Велешта

Сподели


Во струшко Велешта, пожарот избувнал на стрниште и се проширил.

Вчера во 13.30 часот во полициската станица во Струга, од страна на противпожарна екипа од Против пожарна единица Струга пријавено е дека во село Велешта било опожарено стрниште, по што пожарот се проширил и зафатил возила што биле оставени на паркинг. Пожарот е локализиран од страна на ТППЕ Струга. Повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.