Сре11202019

Последна промена12:26:55 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Заев: Грчки компании се заинтересирани за инвестиции во енергетскиот сектор во земјава

Заев: Грчки компании се заинтересирани за инвестиции во енергетскиот сектор во земјава

Сподели

Нашата земја е на  европскиот енергетски колосек. Промовирањето на инвестиции од обновливи извори на енергија не е само законска обврска , туку  се поттикнува развојот на старите и застарените капацитети во енергетскиот сектор, а при тоа се исполнуваат барањата за заштита на животната средина, намалувањето на зависноста од увоз на енергија и создавањето на услови за одржлив развој и раст,  посочи Заев на Мегународниот енергетски форум што деновиве се одржува во Струга.

 

Премиерот посочи  дека на  крајот на месецот Министерството за економија ќе го објави првиот оглас за доделување на премиуми за изградба на фотонапонски електрани на државно земјиште на две локации во Свети Николе и Македонски Брод.

Заев информира дека компании од Грција се заинтересирани за нови  инвестиции во енергетскиот сектор во земјава.

-„Нашиот план е сериозно да го зголемиме домашното производство на електрична енергија и да ги достигнеме европските стандарди во процесот на менаџирање со енергетските ресурси и да поттикнеме нови инвестиции во енергетскиот сектор.Република Северна Македонија е посветена на спроведување на реформите во енергетскиот сектор и исполнување на обврските кои произлегуваат од Договорот за основање на Енергетска заедница“, рече премеирот Заев.

В..д амбасадорката на Амбасадата на САД, Микаела Швајцер Блум рече дека САД и досега го поддржувале, а и понатаму ќе продолжат со поддршката на развојот на енергетскиот сектор во Северна Македонија.

-„Американската енергетска технологија е вклопена во некои од најважните енергетски инфраструктури во регионот и пошироко во Европа.Таков пример е и соработката со Грција за увоз на американски  гас односно течен природен гас и во оваа насока ја поздравуваме вашата соработка со Грција и изградбата на интерконектор за природен гас“, рече Швајцер Блум.

Пред една година е донесен  законот за енергетика и се докажа дека тој не предизвика никаков шок и никакви поскапувања. Државата ќе одреди максимална цена за продажба на нафтените деривати а компаниите самостојн ќе утврдуваат пазарни цени.

 – „ И после година дена можеме да констатираме дека нема хаос нема шок ниту покачување на цените на енергенсите и покачување на цената на електричната енергија посебно за разлика од тоа што во последните десетина година беше покачена некаде 70 % . Сега имаме една стабилна ситуација мислам дека работата ја држиме под контрола и тоа не ние како влада туку преку пазарните механизми  кои се наметнати во законот за енергетика, рече Коста Ангушев  вицепремиер за економски прашања.

Темата на Македонскиот енергетски форум 2019 , што деновиве ќе се одржува во Струга,  е „Енергетска транзиција преку обновливи извори и енергетска ефикасност“. Експертите ќе дебатираат како од загадувачки индустрии да се премине во еколошки процес на производство на електрична енергија.

Новинар Соња Рилковска

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK