Нед09152019

Последна промена02:32:11 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Стружани револтирани, автобуси возат по чаршија

Стружани револтирани, автобуси возат по чаршија

Сподели

Неверојатно,  но за жал  вистинито и  секојдневно во Струга, низ главната  чаршија сообраќаат  автобуси. 

 

Стружани револтирани, го кренаа гласот против автобусите,  кои носат туристи во хотелот „Београд“, поминувајќи во централно градско јадро,  каде е строга пешачка зона. 

-„Ова се случува веќе месец дена, можда и повеќе. Автобусот со гостите за хотелот поминува преку чаршија за да ги остави точно пред хотелот Београд. Ова никогаш никој не го правел со години. Откако се менаа сопствениите на хотелот,  кои поим немаат за работа со хотел и туризам, ова се случува во Струга“, велат стружани во изјава за Охриднет. 

Револтирани граѓаните ја обвинуваат полицијата, која е нем сведок на овие скандалозни случувања. Фотографии од автобуси кои сообраќаат по главната струшка чаршија секојдневно се споделуваат на социјалните мрежи,  а воедно граѓаните пријавиле и во полиција. 

-Во полициската станица во Струга имало едно пријавување на ваков настан. Полициските службеници излегле  на терен, но не забележале автобус, информираат од полицијата. 

Граѓаните итно бараат сообраќајната полиција да преземе мерки и да воведе ред. 

автор: Соња Рилковска 

Фотографии: 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK