Сре06262019

Последна промена11:13:47 AM

 

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга ФОТО: Се гради ново парапетче во Радожда

ФОТО: Се гради ново парапетче во Радожда

Сподели

На самиот брег на Охридското езеро, во струшкото село Радожда се гради ново парапетче.

Критиките од Унеско и заканата Охрид да го изгуби статусот на светско култруно и природно богатствпо, не допира до никого. 

-„Додека Влада на Република Северна Македонија пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, во непосредна близина на црквата Света Недела во Радожда, струшко, веќе два дена е присутна механизација и се копа, се вршат градежни работи. Се подготвува ново парапетче. Дека Zoran Zaev како премиер нема никаква контрола на државата, покажува и овој пример. Активностите се почнати дента кога е добиена одлуката од UNESCO. Владата, министерствата, институциите во извештајот кој беше доставен до Комитетот за светско наследство ги претставија работите во позитивно светло. Состојбата на терен кажува нешто друго“,обвинуваат активистите од Охрид ЅОЅ. 

Активистите повикуваат надлежните итно да преземат мерки и да го спречат ова незакоснко дивеење на поединци. 

-„Бидејќи токму вчера министерот Сабдула Дураку изјави дека потребно е да се преземат секакви законски мерки за стопирање на какви било незаконски дејствија, го повикуваме Министерство за животна средина и просторно планирање, надлежните инспектори од Општина Струга ,  веднаш да дојдат на локацијата и да ги стопираат градежните активности. Во отсуство на план за управување со охридскиот регион, со потенциран мораториум за градба уште неколку пати во најновиот извештај, да се запрат сите активности“,повикуваат од Охрид ЅОЅ. 

Според локалните совесни жители, кои ги зивестиле еколошките здруженија за овој случај досега ниедна институција не излегла на терен

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK