Нед09152019

Последна промена02:32:11 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Хрната со сомнителен квалитет, зголемен бројот на болни од канцер

Хрната со сомнителен квалитет, зголемен бројот на болни од канцер

Сподели

Храната во земјава е со сомнителен квалитет.

Се случувало да се открие  млеко, месо, зеленчук,па дури и  минерална вода со несоодветен квалитет, што предизвикува штетни  последици врз здравјето на луѓето.

Според експетите во земјава постојат  лабаратории, но нема капацитет , бидејќи има огромен број на производители и невозможно е да се контролираат сите.

Агенцијата за храна честопати  тврди дека храната во земјава  е безбедна, но тоа не може да се докаже , само со два посто контролирани  примероци.  Дополнителен проблем е што нема ригорозни санкции за производителите,  кои со лажни непроверени декларации продаваат производи на пазарот.

 „И со храна и со млечни производи сме имале проблеми па дури и со зеленчук сме имале проблеми кои ги знаеме а сме имале и такви кои не ги знаеме.Но тоа го има и во сите змеји, немој да мислите дека на Запад го нема тој проблем.Тие проблеми се јавни широко се дебатира за нив и единствената разлика е што таму  тие навистина са казнуваат. Ако се открие проблем треба да се реши проблемот,  а ако проблемот  не дај боже донесе смрт треба да се казни за да потрошувачите знаат дека некој навистина се грижи до крај за нив“, вели проф д-р Владимир Каркуринов

Храната дирекно влијае врз здравјето на луѓето , сметаат докторите. Податоците во земјава се алармантни. Тројно е зголемен бројот на пациенти заболени од рак на дебело црево, што се смета дека има дирекна поврзаност со исхраната.

 -„Преку параметрите на заболувањата кои што се однесуваат на  гастроинтестиналниот тракт да ви кажам дека имаме зголемување на бројот на пациенти со малигни болести особено на дебелото црево што е резултат на неосоодветната исхрана. Сега дали има тука генетската храна, дали тука има  улога начинот на кој што ние живееме. Сме го прифатиле начинот на едно брзо темпо нередовна исхрана.  Ако во периодот 1995/ 2000 година сме имале сто до стоипедесет пациент со дијагностициран карцином на дебело црево сега ќе ви кажам дека тој број минатата година изнесуваше некаде околу 500 нови случаи “  , вели доктор Џингиз Јашар професор на медицински факултет  

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK