Запленети мрежи со белвица

Сподели

Во близина на караулата во село Радожда  инспекторите затекнаа 28 парчиња мрежи – мрејци со вкупна должина од 1400 метри. Во мрежите имало  43 парчиња на охридска белвица.

 

Акцијата е реализирана како резултат на размената на информации помеѓу двата инспекторати (од Република Македонија и од Република Албанија). Синоќешната заедничка акција беше  организирана од страна на Државниот инспекторат за земјоделство одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултурата од Охрид во соработка со рибочуварската служба од концесионерот на рибниот фонд на Охридско Езеро (ПАСТРМКА 2012 д.о.о.е.л од Охрид) и УПС при П.С за Г.Н “Франгово” а се одвиваше во периодот од 21 до 02 часот утрово.

Мрежите и рибите се превземени од страна на Државниот инспекторат за земјоделство - Охрид и во соработка со МВР  ќе се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите на ова дело, против кои сторители ќе бидат поведени соодветни постапки.