Саб12052020

Последна промена01:22:50 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Криел петарди во магацини и тезги

Криел петарди во магацини и тезги

Сподели

Криминалистичката полиција при полициската станица од Струга, вчера пронајде и одзеде вкупно 4212 пиротехнички средства петарди наменети за понатамошна продажба.

Најголемиот дел од пронајдените пиротехнички средства се петардите т.н. пиратки „Мирновец“ и „Крекери“ кои вчера во времето од 13 до 14 часот беа пронајдени во две одвоени контроли на градскиот пазар во Струга. Поголемиот дел од петардите наменети за натамошна нелегална и неовластена продажба беа пронајдени во и околу магацини и тезгите каде се чува и продава овошје сопственост на Т.Ш. (40) од струшкото село Велешта.

Останатиот дел од петардите се пронајдени до тезга за облека каде работел Б.А. (58) од Струга. Против Т.Ш. и Б.А. полициската станица од Струга поднесе кривични пријави за „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Во пресрет на новогодишните празници, секторот за внатрешни работи Охрид врши интензивни и засилени контроли на физички и правни лица со цел пронаоѓање пиротехнички производи, кои во Република Македонија, и покрај забраната за нивна употреба, неовластено се продаваат во продавници, пазари и на други јавни места.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK