ФОТО: Убавата страна на Струга
- Детали
- Објавено на Среда, 30 Ноември -0001 01:00
Време е да ја погледнеме убавата страна на Струга.
Можеби градот на мостовите не е толку туристички промовиран, но мора да признаете дека е магично убав. Струга е еден од ретките градови кои покрај прекрасното езеро со убави плажи, има и река.
Струга е стара населба која потекнува од неолитскиот период. Во антиката, Струга има многу профитирано заради тоа што се наоѓала на патот Виа Игнација, кој ги поврзувал Источното и Западното Римско Царство. Археолошките наоди и откриените пишувани споменици зборуваат дека животот овде датира уште од праисторијата. Првата неолитска населба е регистрирана околу 3.000 години п.н.е. Античкото име на градот е Енхалон што значи јагула, а сегашното име Струга го добива подоцна од старословенскиот збор „страга“ што означува премин.
Струга е сместена е во подножјето на планината Јабланица, во Охридско-Струшката котлина, на северниот брег од Охридското Езеро, непосредно на местото каде се излива реката Црн Дрим од Охридското Езеро.
ФОТО facebook Draganstory