Пиштол „заиграл“ на свадба во струшко Боровец

Сподели


50 годишникот на свадбата „се провеселил“ со истрели од пиштол а куршуми „летале“ на сите страни.

На 09.08.2019 година околу 23.30 часот, од неговиот дом во струшкото село Боровец, во полициска станица Струга, приведен е Н.С.(50). Тој, при семејна веселба, го нарушил јавниот ред и мир со неовластено пукање од огнено оружје пиштол, што легално го поседувал.
- Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против Н.С. ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.