Еколошка катастрофа! Во Лабуништа депонија со животински отпадоци

Сподели

Еколошка катастрофа во село Лабуништа   струшко. Во непосредна близина на спортското игралиште на местото викано Калишта  осамна депонија од животински отпадоци. 

Жителите велат ова се случи деновиве за празникот Курбан Бајрам. Се сомневаат дека желудниците, цревата и останати делови од животни ги исфрлиле несовесни граѓани.

- Има истурено голем аколичина животински органи  и таму се создава една грозна миризба, велат мештаните. 

-Несовесноста на "луѓето" нема крај! Време е да се превземат строги мерки против ваквите НЕЛУЃЕ кои свесно ја загадуваат природата и здравјето на околните мештани...
Апелираме доколку имате било какви информации за сторителот на ова гнасно дело да го пријавите во порака!, повикуваат од здружението „Натура Лаб Лабуништа“. 



Жителите на Лабуништа  стравуваат од болести и ги повикуваат инспекциските служби итно да го решат овој проблем.

Мештаните бараат итно расчистување на депонијата и дезинфекција но и казни за оние кои ја загадуваат природата.