Вто09172019

Последна промена12:30:30 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Стружани со апел: Помош Влада! Помош општина Струга! Помош МВР!

Стружани со апел: Помош Влада! Помош општина Струга! Помош МВР!

Сподели

Стружани со апел! Бараат помош од гласната музика во неколкуте локали во градот, кои не ги оставаат да спијат. 

 

„Гласната музика ги попречува стружани нормално да функционираат, а туристите и гостите да се одморат. Во целиот овој општ хаос и лудило, неверојатно е како сѐ уште доаѓаат гости. Прво самото поставување опрема за озвучување надвор од локалите е спротивно на Законот за бучава и позитивните стандарди поврзани со животната средина. Гласноста на звучниците поставени надвор од локалите е над секое пристојно ниво. Без разлика дали се работи за ден или ноќ, не постои време од денот кога човек може да води нормален разговор. Ова што се случува е изживување, а општина Струга и инспекциските служби како надлежни молчат и не реагираат.

Ја молиме јавноста, медиумите и Владата за помош. Во спротивно, граѓаните е најпаметно да откажат послушност и да ја напуштат принципиелноста во своите обврски кон државата и општината. Примитивно, бедно и неверно е дека во 21 век во нормално општество нема да можеш да спиеш мирно во својот дом и ќе бегаш подалеку од него за да најдеш мир и сон. Помош Влада! Помош општина Струга! Помош МВР“, апелираат граѓаните на Струга.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK