Саб12052020

Последна промена01:22:50 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Дваесет украдени икони идентификувани во Тирана

Дваесет украдени икони идентификувани во Тирана

Сподели

Вкупно дваесет икони кои беа украдени од црквите во овој регион македонските вешти лица ги препознаа во Тирана Албанија. Иконите беа дел од богатиот плен кој во октомври го заплени албанската полиција.

 

Според експертите иконите  украдени од црквите од селата Радожда, Буринец и Селце од струшкиот регион како и селата Ѓавато и Перово од Битолскиот регион, информираат од МВР.

Исто така, помеѓу идентификуваните предмети се и царски двери кои претходно биле исечени, но истите се составени од страна на албански експерти-историчари на уметност.

За дел од идентификуваните икони веќе се публикувани монографии и научни трудови меѓу кои две икони кои се лично изработени од страна на Дичо Зоограф, а три икони кои потекнуваат од црква во с.Радожда – Струшко (Исус Христос со книга, Богородица со дете и Св.Никола) од страна на ИНТЕРПОЛ веќе се објавени за украдени.

Од страна на албанскиот Јавен обвинител, а за потребите на Судската истрага која се води во Р.Албанија, побарано е најдоцна во рок од 15 дена да биде доставена документација – досие за потеклото на секоја икона посебно. Во координација со претставници од Министерството за култура во тек е изготвување на наведената документација која во прилог ќе содржи и научна публикација каде се објавени иконите.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK