Сре08212019

Последна промена06:36:46 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Од годинава, употреба на повеќе јазици на „Струшки вечери на поезијата“

Од годинава, употреба на повеќе јазици на „Струшки вечери на поезијата“

Сподели

Освен македонски и англиски, на СВП ќе секористат и албански и француски јазик.

Организаторите на Струшките вечери на поезијата ја објавија Програмата на претстојното издание, коешто ќе се одржи од 21 до 26 август.Една од новините на фестивалот е поетската порака што ќе биде прочитана за време на церемонијалниот дел на свеченото отворање од страна на истакнат македонски поет/поетеса. Оваа година, автор на поетската порака е истакнатиот македонски поет Влада Урошевиќ, на кој по повод осумдесет и петгодишниот јубилеј во рамките на Програмата му е посветен посебен термин за поетски портрет.
Од оваа година „Струшки вечери на поезијата“ имаат намера да се подигне јазичната комуникација на фестивалот како дел од заложбите за унапредување на квалитетот на манифестацијата, нејзиниот меѓународен углед и значење, но и да го унапреди односот кон својата публика и граѓаните. Во таа насока дел од содржините, а особено главните фестивалски читања ќе вклучуваат употреба на повеќе јазици. Освен досегашните македонски и англиски, ќе се користат и албански и француски јазик.Во рамки на Програмата се предвидени повеќе поетски читања на различни локации на кои ќе се претстават 32 странски и 30 домашни поети од различни генерации. За да се зголеми удобноста на нивниот престој и да се подигне организациското ниво на фестивалот, оваа година, Струшките вечери на поезијата објави повик за волонтери што ќе сакаат да се вклучат во логистичката поддршка на фестивалот. Повикот е завршен и во тек е селекција на најсоодветните кандидати.За да се зголеми видливоста и отвореноста на фестивалот, освен директниот пренос на главните фестивалски читања што ќе го врши националната телевизија, ќе биде обезбеден и live streaming на официјален Youtube канал со што ќе се овозможи следење на содржините на фестивалот ширум светот, но и ќе се поттикне интересот на публиката за директна посета на фестивалските настани.Во таа насока, за да се зголеми достапноста на публиката, се планира организиран превоз по симболична цена за оние љубители на поезијата коишто поради своите работни обврски не се во можност да присуствуваат на повеќе фестивалски денови. За главните фестивалски настани ќе биде обезбеден превоз од Скопје преку два правци: Скопје-Кичево- Струга и Скопје-Велес-Битола-Струга којшто по завршувањето на настанот ќе овозможи враќање истата вечер. Од изданијата на Струшките вечери на поезијата, освен монографијата на добитничката на Златниот Венец, романската поетеса, Ана Бландијана, книгата на добитничката на наградата „Мостови на Струга“, Моника Херцег, монографијата „Кој е кој“, четирите буклети во рамки на едицијата Версополис, организаторите ја издвојуваат тематската антологија „Арката на Ное“ чиј приредувач е Иван Џепаровски, а чија тема е посветена на местото на поетската претстава на животинскиот свет во современата македонска поезија, поточно во песните на претходните добитници на наградата „Браќа Миладиновци“. Што се однесува до овогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, жири комисијата, согласно постоечкиот Правилник од пристигнатите наслови го направи изборот од пет книги и автори што ќе бидат претставени на Фестивалот и од кои ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на прес-конференција во рамки на Програмата на Фестивалот.Листа од пет книги и автори одбрани за наградата „Браќа Миладиновци“ (по азбучен ред според презимето на авторот)
1. Митко Гогов, Скриено писмо. Скопје: Антолог, 2019
2. Јовица Ивановски, Човек. Скопје: Ј. Ивановски, 2019
3. Наташа Сарџоска, Крстна коска. Скопје: ПНВ Публикации, 2019
4. Билјана Стојановска, Стан што се распаѓа. Скопје: Галикул, 2018
5. Катица Ќулавкова, Мои страсти, мои страданија. Скопје: Три, 2019
Струшките вечери на поезијата го претстави и промотивното видео на фестивалот, коешто е инспирирано од јагулата како мотив, но и од симболиката на копнежот по утоката и нејзиното циклично враќање, поврзана со копнежот на Константин Миладинов изразен во најпознатата песна Т"га за југ.Портретот на лауретот што ќе се одржи на 24.08.2019 во катедралниот храм Св. Софија во Охрид.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK