Вто09172019

Последна промена04:32:25 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Струшките пензионери во посета на село Слепче

Струшките пензионери во посета на село Слепче

Сподели

На15 август 2019 година,група од 50 – тина пензионерки и пензионери членки на ЗП - Струга,предводени од претседателката на Активот на жени пензионерки Елисавета Лазареска и претседтелот на Собранието и ИО Милорад Трпоски,направија незаборавна еднодневна екскурзија до селото Слепче Демирхисарско.

Групата пензионери со комби превозникот „Омега“ од Охрид,по кривулестиот пат се искачија над селото и ги посетија најголемите средновековни книжевно-уметнички центри –Слепчанскиот манастир посветен на Свети Јован Претеча.А како водич домаќин на струшките пензионери беше претседателката на Активот на жени од ЗП Демир Хисар Благица.


Селото Слепче се наоѓа во областа Железник,на 2 километри од градот Демир Хисар,а десно од патот Кичево-Демихисар,на 600 метри надморска висина.Сместено е во источните падини на Илинци.
Со кратки податоци за духовната манстирска црква не запозна една од домаќинките на манастирот,т.е калуѓерките кои служеа во манастирот.

Струшките пензионери кои и се поклонија на моштите во црквата од Свети Јован и Свети Никола,запалија свеќи за свое здравје и здравје на своите најбкиски,купија по некој сувенир за спомен и заминаа на ручек,во прекрасниот ресторан „Горна куќа“каде покрај ручекот имаше заедничка прекрасна средба а некои и за првпат се сретнаа,на заминување на патот према Охрид-Струга,пензинерите ги посетија и црквите Свети Спас,во Годивље и Свети Илија во Лактиње.

автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK