Струга подготвена за новогодишните празници

Сподели

Градот на мостовите оваа година блеска во новогодишен сјај. Стружани за прв пат после долги години Новата година ќе ја чекаат на плоштад.

За забавата ќе се погрижат локални македонски и албански музички групи. Градоначалникот Села ги повикува  сите граѓани на Стрга масовно да излезат на плоштад и заедно да ја дочекаат Новата година. Врв на прославата ќе биде спектакуларен огномет.