Се проширува влезот на Здравствен дом Струга

Сподели

Од денеска започна реазлиција на проектот  на Здравствен Дом - Струга Проширување на улицата до влезот на Брза помош.

 

- Оваа улица која претставува влез од главната улица до влезот на Брза помош беше долгогодишен проблем. Со проширување на оваа улица возилата на Брза помош можат непречено да се движат и да се разминуваат со другите возила а со тоа и побрзо да стигнат до дестинацијата на повикот, изјави директорот на Здравствен дом Струга Марко Стрезовски.