Наместо во дивечот сачмата се одбила и ќе му извадела око

Сподели

На 28.12.2013 година околу 07,40 часот во атарот на с.Октиси, струшко Ј.А.(42) од с.Октиси,се повредил со ловната пушка додека со својот пријател биле на лов на дивеч.

 

При испукување од неговата ловна пушка, сачмата се одбила од камен и го повредила во пределот на окото. Истиот е пренесен во Медицински Центар Струга од каде поради сериозноста на повредата е префрлен во Болница Охрид. Се работи на целосно расчистување на случајот.