Чет03042021

Последна промена11:23:32 AM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Хотел „Дрим“ остварува најмногу приходи на охридско струшкото крајбрежје

Хотел „Дрим“ остварува најмногу приходи на охридско струшкото крајбрежје

Сподели

 

 

Познатиот струшки хотел „Дрим“ остварува најмногу приходи на охридско струшкото крајбрежје, покажува анализата која ја направи „Фактор“.

 

 Во битката на најголемите излегува дека најголемиот струшки хотел сам прави поголем профит од гигантите од „Хотели Метропол“ . Охрабрувачки е тоа што лани во споредба сo 2017 година растеле приходите кај двата најголеми провајдери на хотелско-угостителски услуги на нашата најпозната туристичка ривиера

„Метропол Хотели“ лани направил најголем приход од големите и познати хотели на охридско-струшката ривиера, покажуваат официјалните податоци од ревидираните финансиски извештаи на независната ревизија објавени на веб платформата на Македонската берза за хартии од вредност.

Хотелската група „Метропол“ која во својот состав ги има трите хотели „Метропол“, „Белви“ и „Турист“ лани остварила приходи од продажба кои изнесуваат 3,18 милиони евра и се за 20 отсто повисоки од приходите од продажба во 2017 година што е резултат за почит. Оваа голема хотелиерска компанија, во доминантна сопственост на групата „Фершпед“ лани остварила добивка од половина милион евра. Нема јавни податоци за тоа колкаво е учеството во приходната структура на секој од трите хотели.

Наспроти него најпознатиот струшки хотел „Инекс Дрим“ лани сам остварил добивка од половина милион евра и тоа од приходи од продажба кои изнесувале 2,34 милиони евра. Податоците од финансискиот извештај покажуваат дека лани струшкиот хотел има повисока профитна маргина од најголемата хотелска групација на охридското крајбрежје. Во структурата на приходите на „Инекс Дрим“ ноќевањата учествуваат со 715.500 евра, а приходите од продадени храна и пијалоци изнесуваат 1,45 милиони евра. Овој сооднос на приходи укажува на тоа дека „Инекс Дрим“ прави најзначаен приход од организација на свадби и други свечености или конференции. Многу мало е учеството на приходи од автокампот „Ас“ кој работи во состав на струшката хотелиерско-угостителска компанија. За жал не може да се спореди со приходите што хотелите од групацијата „Метропол“ ги прават по тие две основи затоа што во јавно достапните документи не наидовме на таа поделба.

Најпозната и светски призната тераса на охридското крајбрежје „Инекс Горица“ лани повторно работеле со загуба. Имено и покрај растот на приходите од продажба компанијата која го управува хотелот „Горица“ и автокампот „Градиште“ лани завршила со загуба од 78.000 евра што е на приближно исто ниво како и 2017 година. Приходите лани изнесуваат 754.000 евра. Од остварени ноќевања приходот лани е 284.000 евра, од ресторански услуги 291.000 евра и од закуп на автокампот „Градиште“ приходот е 50.000 евра.

Најголемиот закуподавач на орхидското крајбрежје „Охридтурист“ лани завршил со загуба поголема од 200.000 евра. Во споредба со загубата во 2017 година лани таа е зголемена за над 10 пати. Компанијата лани од закуп на хотелите „Десарет“ и „Орце Николов“, комплексот „Летница“, рестораните „Ориент“ и „Билјанини извори“ и автокампот „Љубаништа“ инкасирала 400.000 евра што е за 100.000 евра помалку од претходната 2017 година. Охридската туристичка легенда – хотелот „Палас“, кој е дел од портфолиото на оваа компанија, не работи, анаизира Фактор.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK