Изгоре „Цитроен“ во Струга

Сподели

Пожарот во возилото се случил ноќеска.

Околу 01,00 часот ноќеска, на улицата “Иса Пелар“ во Струга настанал пожар на патнички автомобил марка “Цитроен Ц-3“ со струшки регистарски ознаки сопственост на И.О.(27) од Струга.
- Притоа целосно изгорел предниот дел на возилото. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Струга а увид ќе се врши во текот на денешниот ден, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.