Пожар во струшко возило, драма со среќен крај

Сподели

Пожарот се појавил при возење, возачот навремено реагирал.

Вистинска драма се случувала утрово во возило од струшко Велешта, кога во движење се појавил пожар. Среќа што возачот не реагирал панично туку мошне присебно и смирено го застанал возилото, со што, избегната е можна трагедија по неговиот и животот на сопатниците. Според соопштението од канцеларијата за односи со јавноста во ВР Охрид, „ на 25.09.2019 околу 06.00 часот во СВР Охрид, Н.О.(59) од струшкото село Велешта пријавил дека настанал пожар во неговот возило „Фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки додека го управувал по магистралниот пат Охрид-Кичево“.
- Пожарот бл изгаснат од сопственикот и екипа на Територијалната противпожарна единица од Кичево, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..