Шумарски референт аминувал нелегална сеча

Сподели

Референтот ставил жиг на нелегално пресечени дрва.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга, поднесе кривична пријава против К.П.(44 од Вевчани.  Тој, на 19.07.2019 година, во својство на референт во шумското стопанство ,,Јабланица“,  извршил жигирање на 19 просторни метри букови дрва иако знаел дека потекнуваат од нелегална сеча.  Со таквото незаконско дејствие овозможил стекнување на противправна имотна корист од 28.652 денари.