Тандем крадци „уловени“ од струшката полиција

Сподели

Крадците биле „експерти“ за кражби на коли и маркети.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против Ш.Е.(52) од Скопје и В.Ц.(28) од неготинското село Тремник поради постоење основи на сомнение дека сториле седум кривични дела, од кои три „одземање на моторно возило“, три „тешка кражба“ и едно „тешка кражба во обид“.
Според изјавата на Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, „пријавените ги извршиле делата во Струга во периодот од 03.07.2019 до 25.08.2019. Тие, од дворови на семејни куќи одземале моторни возила, а тешките кражби ги вршеле во маркети. На тој начин пријавените предизвикале вкупна материјална штета од 569.000 денари.“