Чет11212019

Последна промена08:58:11 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга 75 години слободна Струга

75 години слободна Струга

Сподели

На 8 Ноември,започнаа одбележувањето на Ноемвриските денови по повод 75 години од ослободувањето на градот Струга.По тој повод се одржаа повеќе свечености и пригодни манифестации.


Во организација на Општинскиот Сојуз на борците од Струга,беше свечено одбележан 8 Ноември –Денот на ослободувањето на градот Струга.Делегација на Сојузот на борците –Струга предводена од Ајредин Мемеди,делегација на општина Струга,Здружението на пензионери исто така од Струга,делегација од АРМ,организација на жени,почитувачи на ликот и делото на другарот Тито ,делегација од Цојузот на борци од соседниотгеад Охрид,делегации од политички партии и граѓани на Струга,положија букети свежо цвеќе на Споменикот на револуцијата во центарот на градот,бистите на паднатите борци поставени на кејот на реката Црн Дрим и на споменикот на Нико Нестор пред седиштето на ОО СЗБ-Струга,по повод 75 години од борбата за ослободувањето на Струга.


Откако беа положени букети свежо цвеќе,а присутните се поклонија пред споменикот,пред насобраните граѓани и подржувачи на овие борбени традиции,за завршните операции за ослободувањето на градот Струга,зборуваше Ајредин Мемеди,претседателна Здружението на Сојузот на борци од Струга.Покрај другото истакна,дека денес Струга одбележува 75 години од ослободувањето од фашистичкиот окупатор во Втората светска војна.На крајот заврши со зборовите среќен празник и вековита Струга.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK