Чет11212019

Последна промена08:58:11 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Струшките пензионери на дружба во Калишта

Струшките пензионери на дружба во Калишта

Сподели

ЗП Струга и Активот на пензионерките при здружението во чест на 8 Ноември,Денот на ослободувањето на градот Струга и одбележувањето на 75 години од слободна Струга на дружба во струшко Калишта.

 

Заедно со над 300 пензионери од десетина здруженија се дружеа,ги обновуваа поранешните пријателства,докажувајќи дека во вакви турболентни времиња можат и знаат да бидат еден со друг,сложно да играат и да пеат на македонски,албански,влашки,српски,ромски.

Оваа традиционална прослава која во Струга се одржува по четврти пат,прерасна во мултиетничка средба.На неа учествуваа над триста пензионери  од здруженијата:Струга,Охрид и Дебарца,Дебар и Центар Жупа,Тетово,Ресен,Демир Хисар,Битола, и Здружението на инвалиди од Охрид.Според утврдената програма на ЗП Струга,најпрвин од делегациите положија букети свежо цвеќе на Споменикот на револуцијата на градскиот плоштат во Струга,а беа посетени и многубројни значајни знаменитости:Спомен домот на Браќата Миладиновци,каде што е седиштето на СВП,Галеријата Ванѓел Коџоман,Природно-научниот музеј д-р “Никола Незлобински“,црквата Св.Ѓорѓија,манастирскиот коплекс,во чии рамки доминантно место зазема пештерската црква посветена на Света Богородица,каде што за спомен се направија незаборавни фотограии,пензионерите кои ја разгледаа црквата СВ.Богородица,запалија свеќи за здравје а од галеријата на сувенири купија по некој сувенир за спомен од овој крај,потоа заминаа на ручек и заедничко дружење во прекрасниот ресторан на хотелот “Бисера“.

 На средбата,пензионерите и присутните ги поздрави претседателот на ЗП Струга Милорад Трпоски,кој меѓу другото истакна дека Активот на пензионерките предводен од Елисавета Лазареска,е многу активен во својата работа  и има целосна подршка во неговите активности од органите на здружението.Претседателот на Трпоски на присутните им ги пренесе поздравите од претседателката на СЗПМ Станка Трајкова и заложбите на Сојузот за подобар стандарт на пензионерите и подобрување на меѓугенерациската соработка,активно стареење и соживот.               

 На веселата атмосфера и немаша крај со прекрасната ресторанска музика “Романтик Бен“,но на разделбата си посакаа мноу здравје и долг живот и догледање до година.

 СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK