Бесплатни прегледи за дијабетес во Струга

Сподели

Претседателот на ЗП Струга,Милорад Трпоски,организира масовен и заеднички преглед на струшките пензионери,по повод 14-ти ноември, Светскиот ден на дијабетичарите.

Настанот се случи пред хотелот “Белград“во Струга,пензионерите и другите граѓани имаа можност бесплатно да измерат шеќер во крвта,а во просториите на Црвен крст се одржа предавање за дијабет од страна на д-р Мира Костојчиноска.


Ова се активности зацртани во годишната програма за работа на ЗП Струга и соработка со општинската организација на Црвен крст,секоја година традиционално ги организира за одбележување на Денот на дијабетичарите како и за превенција од ова заболување,истакна Трпоски.

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ