Кривична за жител на Мислодежда, градел без дозвола

Сподели

Кривична за жител на Мислодежда, градел без дозвола.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.И.(49) од струшкото село Мислодежда поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на ул.„Мислешевски пат“ во Струга, започнал да гради објект за домување, без претходно добиено одобрение за градба, информираат од МВР.