Кривична за жител на Радолишта, за бесправно градење

Сподели

Кривична за жител на  Радолишта, за бесправно градење.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.А.(58) од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, во текот на 2019 година, на ул.„Маршал Тито“ во Струга, започнал да гради станбен објект без претходно добиена градежна дозвола и друга неопходна документација, информираат од МВР.