Тешко повреден во сообраќајка кај Струга

Сподели

44 годишниот возач е во специјалната болница „Св.Еразмо“.

Синоќа, во 22.55 часот на кружниот тек на влез во Струга, патничко моторно возило „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, управувано од К.А.(44) од Охрид, излетало од коловозот.
-Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“- Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од полициската станица Струга, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..