Пон01272020

Последна промена06:35:23 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Струга Струшките пензионери на екскурзија во Пешкопеја

Струшките пензионери на екскурзија во Пешкопеја

Сподели

На иницијатива од група пензионери и пензионерки,членки на ЗП Струга,предводени од претседателот на Здружението,Милорад Трпоски,го посетија албанскиот град Пешкопеја во областа на Дебар.

 


Пешкопеја – град во североисточна Албанија и административен центар на областа Дебар.Се наоѓа на 187 км од главниот град Тирана.Во минатото,па се до почетокот на ХХ век,Пешкопеја е важен индустриски центар во Албанија.
Во почетокот на ХХ век,бил населен со значаен број Македонци.
Во утринските часови на 11 декември 2019 година,шеесеттина пензионери со автобусот на превозникот „Омега“ од Охрид,се упатија по живописниот пат покрај реката Црни Дрим,према Дебар,и преку граничниот премин „Блаце“во соседна Албанија и го прошетаа градот Пишкопеја,со посета на музејот во градот и други историски знаменистости.
Во ресторанот на хотелот „ВЕРИ“каде беше заедничкиот ручек и дружба,претседателот на ЗП Струга,Милорад Трпоски,кој со здравица одржа беседа и на пензионерите им посака здравје и долг живот,по убавата весела атмосфера што ја створија пензионерите предводени од тамбурашот Евгенија Јовчески – Гече,се упатија према градот Дебар,што ги посетија „Дебарските бањи“каде нашите пензионери одат на рекреативно бањско лечење.

Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK