Здравствен дом Струга продолжува со мобилни прегледи по селата

Сподели

Вчера екипите на Здравствен Дом Струга ги посетија и вршеа превентивни прегледи во селата  Корошишта , .Џепин и Биџево.

Утре екипите на Здравствениот Дом - Струга ќе  вршат  бесплатни прегледи во  селата : с.Ложани (од 08-10:45ч) с. Враништа (од 11ч-13:45ч ) с. Долна Белица (од 14 до 16 ч) и с. Октиси (09ч-12ч). Прегледите опфаќаат мереше крвен притисок и испитување на  шеќер  во крвта.

Целта на ваквите прегледи е превенција и подобро здравје на жителите во руралните средини.