Лабуништанец заработи кривична за бесправно градење

Сподели

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 52 годишниот С.Б од с.Лабуништа за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Во ноември 2013 година, во с.Лабуништа пријавениот започнал да врши градба на објект без одобрение за градба и тоа  на државно земјиште за кое не поседувал договор за закуп.